8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСкапите системи на Volkswagen влегуваат во достапните автомобили

Скапите системи на Volkswagen влегуваат во достапните автомобили

volksi

Германската компанија ќе ја користи во своите автомобили технологијата од „Audi“, „Porsche“ и „Bentley“.

Една од причините да биде избран автомобил од „класа луксуз“ се современите системи за сигурност и безбедност, кои во денешно време може да спречат катастрофа или барем да обезбеди подобра заштита за патниците во автомобилот. За да ја зголеми атрактивноста на своите автомобили во САД, германската компанија „Volkswagen“ ќе ја понуди најсовремената технологија за безбедност од „Audi“, „Porsche“ и „Bentley“ во своите подостапни модели.

Според информациите од „Volkswagen USA“ е дојдено време овие технологии да бидат достапни за сите. Така на пример, системите како адаптивна контрола на возење, следење на слепата зона на страничните ретровизори, автоматизирано паркирање и автоматско сопирање ќе бидат достапни за целата палета на модели на „Volkswagen“ во САД.

„Многу од овие системи до моментов се нудеа само за модели кои се повисоко позиционирани, како „Touareg“, но веќе може да се нарача, како за „Tiguan“, така и за „Beetle“ или „Golf““, прецизира Мајкл Хорн, извршен директор на „Volkswagen Group of America“.

Со овој потег германската компанија сака да ги направи своите автомобили поатрактивни, за да може да се натпреварува подобро со моделите на „Honda“, „Toyota“ и „Hyundai“, кај кои веќе се достапни таквите технологии. Системите за помош на возачот, „Volkswagen“ веќе ги нуди по цени помеѓу 695 и 1495 долари.

Друга новина во палетата на модели на „Volkswagen“ во САД е 5-инчен екран на допир, кој е вклучен во стандардната опрема, а со доплата се нуди 6,5-инчен екран. Системите со поголем дисплеј овозможуваат интеграција на смартфоните со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП