27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеакции по објавената анализа на пазарот на недвижнини во Македонија

Реакции по објавената анализа на пазарот на недвижнини во Македонија

for

Полугодишната анализа за пазарот на недвижности на македонската филијала на реномираната агенција Фортон објавена вчера предизвика најразлични реакции, особено во градежниот сектор и продажбата на станбен и деловен простор.

За таа цел побаравме дополнителни информации од Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон Македонија, кој посочи дека трендовите забележани во анализата се претставени и во конкретни бројки.

„Веднаш да прецизирам, во анализата говориме за бруто изградени површини и за бруто цена. За жал, некаде овој дел од анализата беше претставен преку компарацијата на бруто изградена површина за нето станбена цена, што создаде недоумици. Исто така градежната цена по метар квадратен зависи и од употребата и квалитетот на градежните материјали. Сите овие фактори ја определуваат и профитната маргина на градежната компанија која го гради и го продава просторот“, изјави Богоевски.

Во вчера објавената анализа беше наведено дека цената на градба по метар квадратен изнесува помеѓу 443 евра и 650 евра во бруто изградена вредност.

„За да се направи реална компарација, на оваа бруто изградена површина (заеднички ходници, заеднички простории, влезови и слично) треба да се додаде уште минимум 20 насто на цената за да се добие вистинската вредност по метар квадратен, односно тоа би значело 532 евра и 780 евра градежна цена по метар квадратен“, додаваат од Фортон.

Анализата на Фортон е правена на целата територија на Република Македонија, а не само во главниот град, така што продажната цена од 979 евра за метар квадратен е упросечена продажна цена низ целата држава, вклучувајќи го и Скопје, каде што по правило цените на становите се највисоки.

Во врска со реакциите на големите градежни компании на станбен и деловен простор, од Фортон Македонија посочуваат дека резултатите од истражувањето ги нотираат предводниците во оваа индустрија кои имаат најголем удел во пазарот. Од тука, во Фортон изразуваат задоволство за порастот на реализирани продажби кој во период од последните шест месеци е зголемен за 30,5% во однос на претходниот шест месечен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП