26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYoutube повеќе не е поврзан со Google+

Youtube повеќе не е поврзан со Google+

YT-G-connected

„Google“ објави дека се откажува од наметнувањето за креирање на профил во „Google+“, за да можат да се користат другите услуги на компанијата. Бредли Хоровиц, кој е потпретседател на „Google“, ја објави одлуката на интернет гигантот на неговиот официјален блог.

Хоровиц вели дека „Google“ имал јасна цел да се користи „Google+“ како главна, која ќе ги обединува сите услуги на компанијата.

„Тоа сепак создаде забуна меѓу корисниците. Еден од најголемите спорови беше со наметнувањето на „Google+“ во коментарите на „YouTube“. Сметавме дека е време да ги поправиме работите, не само на „YouTube“, туку за сите услуги на „Google“. Сакаме официјално да бегаме од идејата дека профилот во „Google+“ е потребен за нешто во „Google“ различно од користењето на самиот „Google+““, пишува Хоровиц.

Промената почнува да се применува веднаш. Први ќе ја видат корисниците на „YouTube“, кои повторно ќе можат да коментираат преку профили и преку псевдоними. Вкупно целата постапка по одделувањето на „Google+“ ќе трае околу една година.

Тоа не значи крај на „Google+“. Платформата „ќе се фокусираат на она што го прави многу добро: да информира милиони луѓе“. Елементи на платформата, кои не се користат ќе бидат извадени. На нивно место ќе има нови функции на „Google+“ кои ќе имаат за цел да го подобрат корисничкото искуство, коментира Хоровиц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП