27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОградата меѓу Србија и Унгарија ќе чини најмалку 20 милиони евра

Оградата меѓу Србија и Унгарија ќе чини најмалку 20 милиони евра

ograda

Унгарија ќе потроши околу 20 милиони евра за изградба на оградата долж границата со Србија, изјави за Спутник, Мартон Ѓенѓеши, пратеник и потпретседател на Комитетот за надворешни работи во парламентот на Унгарија.

„Тоа ги покрива само материјалните трошоци за изградба на оградата. Владата најави дека во изградбата ќе учествуваат и затвореници и невработени, но конечните трошоци ќе бидат многу поголеми“, изјави Ѓенѓеши.

Пратеникот на ултрадесничарската партија „Јобик“ вели дека неговата партија се залага за воведување на гранична стража, на местото на полицијата којашто ја надгледува границата.

„Овие пари треба да бидат употребени за повторно да се воспостави гранична стража“, вели тој објаснувајќи го ставот на својата партија.

„Предлагаме секој кој ќе влезе на територијата на Унгарија, легално или не, да биде сместен во затворен бегалски центар. Во овој момент тие не се затворени и бегалците се движат слободно низ земјава“, изјавил екстремниот десничар, пренесува Спутник.

Оградата ќе се гради за да се спречи масовниот прилив на мигранти од Србија кон Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП