8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите кошаркари загубија од Унгарија

Младите кошаркари загубија од Унгарија

mladi-kosharka57

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија, играчи до 20 години, го забележа првиот пораз на Европското првенство во Сехешфехервар. Младинците во првиот меч од четвртфиналната фаза загубија од домаќинот Унгарија со 54:63.

Македонските играчи имаа поен предност на полувремето, но неефикасната игра во нападот во третиот период го одреди понатамошниот тек од натпреварот. Унгарија ја доби третата четвртина со 15:8 и таа предност ја сочува до крајот на мечот.

Макдевски со 20 поени, пет скока и шест асистенции беше најефикасен во ‘црвено-жолтиот’ тим, додека со двоен ефект мечот го завршија Младеновски (13 поени, 10 скока) и Багоч (12 поени, 11 скока).

Македонија в четврток ќе игра против Шведска и со победа на тој меч ќе обезбеди палсман во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП