26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во пораст, тргувањето воздржано

Европските берзи во пораст, тргувањето воздржано

berza 33

Цените на акциите на европските берзи пораснаа денеска по остриот пад, но тргувањето е внимателно поради продолжувањето на грчката должничка криза и остриот пад на цената на акциите во Кина.

FTSEurofirst индекс на 300 водечки европски акции околу 12,30 часот беше во плус 0,5 отсто откако вчера потона 1,6 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,7 отсто, на 6.475 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,30 отсто, на 10.707 поени, а париски CAC 0,65 отсто, на 4.635 поени.

Вниметалното тргување е последица на неизвесноста во врска со судбината на Грција.

Иако партнерите од еврозоната и дадоа уште една можност за договор, откако грчките граѓани на референдум во неделата порачаа дека повеќе не сакаат политика на штедење, Атина вчера на кредиторите им предложи нов план на реформи, кој би требало да биде темел за продолжување на преговорите.

ЕУ има детално разработено сценарио за излегување на Грција до еврозоната, која мора до четврток да предаде прифатлив предлог за нова финансиска помош или во спротивно нема да може да избегне црно сценарио, предупредија лидерите на еврозоната.

„Берзите се во пораст бидејќи овој викенд веројатно ќе дојде до крај на грчката сага, на овој или на оној начин. Берзите веројатно веќе во цените ја вкалкулирале можноста за излез на Грција од еврозоната, но онаа во која не би имало поголемо ширење на заразата“, вели Филип Гијселс, диретор во копмпанијата BNP Pribas Fortis Global Markets.

Остро денеска за 1,2 отсто, паднаа цените на акциите на рударските компании, што е последица на стравувањата на инветиторите од натамошно забавување на растот на кинеската економија.

Денеска во Шангај цените на акциите остро паднаа, па од половината на јуни загубија над 30 отсто. И покрај низата мерки на кинеската влада и централната банка, берзата не успева да се смири.

Сега веќе се појавија стравувања дека крах на шангајската берза би можел негативно да влијае на другите светски берзи, поради што остро паднаа цените на акциите на сите азиски берзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП