26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата порасна, нервоза на пазарот

Цената на нафтата порасна, нервоза на пазарот

nafta 220

Цената на нафтата порасна на светските берзи по остриот пад во претходниот ден, а нервоза меѓу инвеститорите и натаму ја разгоруваат превирањата на кинеската берза на акции и прашањето за останок на Грција во еврозоната.

На лондонската берза цената на барелот попладне беше во плус 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 57,44 долари. Во понеделникот падна за над шест отсто и накратко допре до 56,38 долари, најниско ниво од 10 април.

На американскиот пазар со барелот се тргува по цена од 53,10 долари, што е за 57 центи повеќе во однос на вчерашноито затворање, кога накратко достигна најниско ниво од средината на април.

Продолжува борбата за останокот на Грција во еврозоната, а не стивнаа ниту превирањата во Кина, клучниот нафтен потрошувач, кој во изминатите денови бележи остар пад на пазарот на хартии од вредност, и покрај регулаторните мерки.

Некои аналитичари предупреудваат дека главна причина за слабоста на нафтените пазари е прекумерното снабдување.

„Иако минатонеделниот пад на цената на нафтата временски се поклопи со ескалацијата на грчката финансиска криза и слабостите на останатите макро пазари, сметаме дека катализаторите за падот за цената од дури шест долари немаат многу врска со Грција“, истакнуваат од влијателната американска инвестициска банка Goldman Sachs.

„Минатонеделните нафтени податоци всушност упатуваат на сеуште прекумерно снабдување-станува збор за раст на производството во OPEC, зголемениот број на нафтени ископини во САД и падот на рафинериските маржи“, истакнуваат во Goldman Sachs.

Прекумерното снабдување би можело дополнително да се зголеми доколку западните сили и Иран постигнат компромис околу иранската нукеларна програма, со што би се отворило пат за укинување на санкциите и зголемен ирански извоз.

Одделно OPEC на својата веб страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 55,76 долари, што значи дека потона за 3,23 долари во однос на претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП