26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин го потврдува разговорот со Ципрас, но одбива да коментира

Берлин го потврдува разговорот со Ципрас, но одбива да коментира

berlin-merkel

Портпаролот на германската влада го потврдил телефонскиот разговор од понеделникот меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас, но одбил да каже за што било зборувано.

„Можеме да го потврдиме (телефонскиот разговорот), но во врска со соопштенијата за темата на преговорите, нема да коментираме“, изјавил за агенцијата РИА, претставника на германската влада.

Претходно во понеделникот агенциите AFP и Reuters повикувајќи се на изјави од грчката влада пренесоа дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел било договорено Атина во вторник да го претстави нови предлози за надминување на должничките проблеми на земјата.

Се очекува, според истите извори, за грчкиот предлог да се дискутира веќе во вторникот на итниот самит на еврозоната посветен на ситуацијата во Грција по референдумот.

„Од наша страна не можеме да коментираме, или да ги потврдиме изјавите на Ципрас“, додал претставникот на германската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП