26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG има нови екрани кои се уште потенки и полесни

LG има нови екрани кои се уште потенки и полесни

lg ekrani 399

Јужнокорејскиот производител „LG“ објави дека стартува производство на нови екрани кои се чувствителни на допир, па така тие веќе оваа година ќе имаат значително потенки и полесни преносни компјутери.

Новите „Advanced In-Cell Touch“ (AIT) „LCD“ панели имаат сензори кои регистрираат допир на прстите во самиот панел, наместо на дополнителниот слој. Такви екрани веќе се наоѓаат на телефоните, како „LG G4“, a сега се развиваат и за компјутери.

Од „LG“ наведуваат дека поради новиот начин на изработка на екраните, тие може да бидат за 25 проценти, односно 1 милиметар потенки, но и полесни за 200 грама или дури 35 посто во споредба со класичниот 15,6-инчен екран.

Помалите слоеви преку екранот придонесуваат и за други предности, а „LG“ наведува дека сликата ќе биде поостра и посветла, затоа што нема да губи светлост или рефлексија. Екраните ќе пристигнуваат во неколку големини,  а „LG“ ќе ги испорачува за сите глобални производители на компјутери. Покрај тоа работат и на „AIT“ екран со поддршка за „stylus“ пенкалото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП