26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас подготвен за продолжување на преговорите, Самарас поднесе оставка

Ципрас подготвен за продолжување на преговорите, Самарас поднесе оставка

ciprassss-cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го поздрави изјаснувањето на неговите сонародници со „не“ на предлогот на доверителите и ноќта кон понеделникот објави дека неговата влада е подготвена веднаш да се врати на преговорите со доверителите, за да може банките што поскоро да бидат отворени, а неговиот претходник и челник на опозицијата Антонис Самарас поднесе оставка во најголемата опозициска партија Нова демократија, а германски пратеници порачуваат дека за Грција е подобро да излезе од еврозоната.

„Докажавме дека демократијата не може да се уценува. Грците не одговараа на прашањето дали се за останување или излегувањето. Грчкиот народ направи храбар избор“, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас во телевизиското обраќање до нацијата.

Рече и дека народот не му дал мандат против Европа, туку за барање одржливо решение и додаде дека Грција е подготвена за продолжување на преговорите, со план за реформи.

Најави дека од грчкиот претседател Прокопос Павлопулос ќе побара да свика состанок на челниците на сите грчки политички партии за да ги запознае со состојбите.

Меѓутоа, поранешниот премиер и челник на опозицската партија на десниот центар Нова демократија, Антонис Самара, ја понуди во неделата навечер оставката на лидерската должноста откако на референдумот надмоќно победи ставот кој го застапуваше крајно лево ориентираната владејачја Сириза и нејзиниот коалициски партнер националистичката Независни Грци.

„На нашата партија ѝ е потребен нов почеток. Се повлекувам од раководството на Нова демократија, објави Самарас во писмената изјава емитувана на државната телевизија.

Поранешниот премиер кој на крајот од јануари на оваа должност го замени Ципрас, ја предводеше кампањата за прифаќање на предлогот на доверителите на референдумот, но веднаш откако започнаа во неделата да се објавуваат резултатите, следеа повиците за негова оставка.

По обработените изборни материјали од 90, 91 отсто од гласачките места, против предлогот на доверителите се изјасниле 61,37 отсто од Грците, додека за нив гласале 38,63 проценти, со одѕив на гласачите од 62,28 отсто, што е приближно на предвремените парламентарни избори од 25-ти јуни, кога Сириза дојде на власт токму со ветувањето дека за прекинување на непопуларните мерки за штедење.

Германскиот конзервативен пратеник Ханс Михелбах изјави по завршувањето на референдумот коментирајќи ги резултатите дека би можело да биде најдобро Грција да остане надвор од просторот не единствената европска валута, откако го одби предлогот што го понуди Еврогрупата.

„Сега би требало да се запрашаме дали не би било подобро Грција да остане надвор од еврозоанта“, рече Михелбаг, член на влијателната бавараска Христијанско-социјална унија (CSU), којашто е во сојуз со владејачката конзервативна Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел.

„За жал, Грција го избра патот на изолацијата“, рече Михелбаг додавајќи дека штом во Грција победил гласот за „не, тогаш според неговото мислење повеќе нема основа за натамошна помош за оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП