26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСреќата наклонета кон жените играчи на НовоЛото 7/34

Среќата наклонета кон жените играчи на НовоЛото 7/34

to

По измината половина година, според податоците за добитниците на поголемите добивки во 2015та, се чини дека среќата оваа година е повеќе наклонета кон жените играчи на играта на среќа НовоЛото 7/34, која ја нуди најголемата добивка во Македонија.

Во 2015та заклучно со 50тото коло постигнати се три премии седумки од кои две се на добитнички од Скопје (втората 7ка во 2015та со вредност од 100.000 евра е постигната во 11то коло, а третата вредна 120.000 евра, во 50тото коло).

Во 50тото коло постигнати беа и две добивки 6+1 (од по 20.000 евра),  од кои едната е на добитничка од Македонска Каменица која уплатила во Скопје, а втората на добитничка од Кавадарци. Покрај добивките 6+1 во 50тото коло постигнати се и седум добивки за 6 погодоци, од кои четири се на жени редовни играчи на НовоЛото 7/34.

Поразговаравме со добитничките и сите споделија со нас слични информации. Интересно е што сите изјавија дека желбата за играње Лото ја наследиле од своите татковци. Сите наши сегашни добитнички се редовни играчи и ретко пропуштаат коло. На играта и приоѓаат од забавна страна и сакаат да ја следат ТВ емисијата со извлекувањето, пред нивната омилена ТВ серија. Ниту една од добитничките не знае да прави систем и не бара логика и математика во изборот на броеви. Броевите за добитните комбинации ги пишуваат најчесто на брзање и по  интуиција. Не се врзуваат за едно матично место за уплата, туку уплаќаат каде во моментот им е најблиску, согласно нивните бројни обврски. Случајно запишуваните броеви им носеле радост и во колата кога биле извлекувани само по три од нив. Никогаш немале очекување за голема добивка а биле задоволни и кога имале 4 погодоци со кои им се враќал влогот.

Поразговаравме и со лица од продажните среќни места кои потврдуваат дека забележуваат се повеќе жени играчи на НовоЛото 7/34, додека поголемиот дел претставници на машкиот пол, со чест на редовните Лото играчи, избираат инстант лозови, за брзо дознавање на добивката.

Жените играчи на НовоЛото 7/34 се се побројни, играат лесно и од забава, без очекувања и ретко пропуштаат да уплатат барем две комбинации со бројки кои ги пишуваат по интуиција

Ова се секако интересни податоци кои се на страната на се поголемиот број жени добитнички на премии на играта НовоЛото 7/34, а што ги охрабрува и сите кои до сега не се вклучиле во игра, да одвојуваат мала сума за забава со бројки, која може да им донесе и вредни добивки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП