26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ: Тешка беше одлуката да ја напуштам Атланта

Антиќ: Тешка беше одлуката да ја напуштам Атланта

perica2

Перо Антиќ, по две години, ја напушта НБА лигата и тимот на Атланта Хокс и кариерата ќе ја продолжи во турски Фенербахче.

Крилниот центар во изјава за „Атланта журнал“ рекол дека желбата да биде поблиску до семејството најповеќе влијалеа врз одлуката тој да се врати во Европа. Исто така истакнал дека е горд што е првиот Македонец во НБА лигата, но се надева дека уште многу играчи од Македонија ќе успеат да направат кариера во најсилната лига во светот.

„Моја голема желба и цел беше да играм во НБА лигата и горд сум што успеав во тоа, што ја преставував Македонија. Горд сум што сум првиот Македонец во НБА и се надевам дека многумина од мојата земја ќе успеат да стигнат до НБА. Со соиграчите постигнавме големи работи, во овие две сезоно создадовме големо пријателство и надвор од теренот. Тие засекогаш ќе ми бидат пријатели“, рекол Антиќ.

„Мене ми е важно да бидам што е можно поблиску до моето семејство. Моето семејство беше решавачкиот фактор во одлуката да се вратам во Европа. Сакам да му се заблагодарам на тренерот Бад и на неговиот тим, сакам да им се заблагодарам на фановите за поддршката која ми ја даваа“, додава македонскиот интернационалец.

Перо Антиќ во кариерата има настапувано за Работнички, АЕК, Лукиол Академик, Црвена ѕвезда, Санкт Петербург, Локомотив Кубан и Олимпијакос со кого освои две титули европски првак.

Македонецот од наредната сезона ќе игра во Фенербахче, тој со турскиот тим потпишал двегодишен договор, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП