27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаен документ на ММФ: На Грците ниту штедењето нема да им помогне

Таен документ на ММФ: На Грците ниту штедењето нема да им помогне

greeeeeeeccccce

Таен документ на ММФ ја покажува проценката дека Грција и покрај сите мерки за штедење би била на неодржливо ниво со долг од 118 проценти од БДП до 2030 година, пишува весникот Гардијан.

Документот кој го анализирале новинарите на британскиот весник, а кој го откри германскиот Зидојче Цајтунг, покажува дека ММФ, ЕЦБ и ЕК знаат дека Грција дури и со согласувањето со сите барања на кредиторската тројка нема да ги реши своите проблеми, туку само ќе го одложи банкротот.

Како што истакнува Гардијан, тајниот документ практично го подржува аргументот на властите во Грција дека единствено решение за излез од кризата и закрепнување на економијата е значителниот отпис на долговите.

Проекцијата на кредиторите покажува дека дури и со 15 години одржлив економски раст Грција ќе го достигне нивото на јавниот долг, кој според критериумите на ММФ е неодржливо.

ММФ максималното ниво на долг за Грција во 2012 година го постави на 110 проценти од БДП, Грците во моментот се на нивото од 175 проценти, со закана дека тој долг дополнително ќе расте, а со сите мерки на штедење и во идеални услови тој ни до 2030 година не би бил на нивото од 118 проценти.

Во документот се наведува дека на Грците за шансата за закрепнување им се неопходни „значителни отстапки“ и дека и во најдоброто можно сценарио, со стриктно спроведување на бараните мерки за штедење и економски раст од четири проценти во наредните пет години, грчкиот долг би се намалил на 124 проценти до 2022 година.

Исто така тоа сценарио предвидува 15 милијарди евра приходи од приватизација, што е за пет пати повеќе отколку што е прогнозирано во „реалното сценарио“. Ниту третото сценарио, а сите три подразбираат нова, трета помош за Грција, не најавува намалување на долгот на нивото предвидено во 2012 година.

„Јасно е дека неизвесноста од претходните месеци доведе до тоа дека во секој случај целите од 2012 година остануваат недостижни“, пишува во документот.

Овие проекции се објавени и во извештајот „Прелиминарна анализа за одржливоста на долгот на Грција“, што е еден од шесте документи кои го сочинуваат финалниот предлог кои кредиторите и го испратија на Грција во петокот.

ММФ денес потврди дека Грција не го платила својот долг од 1,6 милијарди евра, па таа земја така стана првата земја во историјата која не ги подмирила обврските кон ММФ.

Неофицијално, преговорите за оддржливо решение за Грција се водат во Брисел, но премиерот на Грција, Алексис Ципрас, за во недела закажа референдум на кој грчкиот народ ќе одлучи дали да ја прифати понудата на кредиторите и новите мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП