27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Цената на банкротот ќе биде голема за целата еврозона

Ципрас: Цената на банкротот ќе биде голема за целата еврозона

aleksis-cipras-cipras

Доверителите не планираат да ја избркаат Грција од еврозоната, тие на преговорите сакаа да покажат дека не постои алтернативен пат во политиката и оти треба да се помириме со сиромаштијата, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за грчкиот јавен сервис ERT емитувано во понеделникот навечер.

„Јас не верувам дека тие сакаат да нé исфрлат од еврозоната, и тие нема да го сторат тоа. Банкротирањето на која и да е земја од еврозоната ќе биде платено со висока цена од целата еврозона“, рече Ципрас.

„Европскиот план беше да се згаснат надежите дека е возможно да се искорени сиромаштијата, аскетизмот. Европејците сакаа да демонстрираат дека не постои алтернативен начин за Европа. Тие ни дадоа ултиматум од 48 часа“, додаде грчкиот премиер, во интервјуто коешто најверојатно повторно ќе предизвика деманти од Брисел.

Според толкувањето на Ципрас, целта не европските преговарачи била Грција целосно да биде опфатена со договорот, според кој кредиторите ќе ја одредуваат сета политика на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП