1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија и Катар ги губат Мундијалите во 2018 и 2022?

Русија и Катар ги губат Мундијалите во 2018 и 2022?

rusija katar svetsko

Русија и Катар би можеле да ја загубат организацијата на светските првенства во фудбал во 2018-та односно 2022-та година, доколку биде докажано дека купувале гласови, пренесува CNN, повикувајќи се на интервјуто кое претседателот на Одборот за ревизија на ФИФА, Доменико Скала го дал за швајцарскиот весник „Сонтагцајтунг“.

Американското федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека нивната истрага за корупција во ФИФА го опфаќа и гласањето за организација на Мундијалите во Русија и Катар.

Голем корупциски скандал ја тресе ФИФА, откако пред две недели во Цирих, беа уапсени 14 лица, од кои шестмина се високи функционери на Светската фудбалска федерација. Под притисокот на јавноста, иако беше реизбран на функцијата, оставка си поднесе и првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.

Извршниот директор на Мундијалот во 2018-та година, Алексеј Сорокин, за CNN изјавил дека неговата земја продолжува со подготвките за организацијата на најголемата фудбалска смотра.

„Се беше чисто, не прекршивме ниту едно правило на ФИФА за време на постапката кога се кандидиравме за домаќини на СП во 2018-та година. Што друго можам да кажам?“, истакнал Сорокин.

И катарскиот Врховен комитет за организацијата на Мундијалот во 2022-та година се огласи по повод корупцискиот скандал во ФИФА.

„Неодамнешните случувања во ФИФА нема да имаат влијание врз нашите подготвки за СП“, стои во официјалното соопштение на Катарците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП