26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжи да се намалува продажбата на смартфони

Продолжи да се намалува продажбата на смартфони

phones3330000

Продажбата на паметните телефони ќе продолжи да опаѓа во текот на оваа година, покажуваат најновите податоци на „International Data Coproration“ (IDC), цитирани од „ZDNet“.

Компанијата очекува продажбата на паметни телефони да забележи раст од само 11,3% во 2015-та година во споредба со растот од 27,6%, кој пазарот го забележа минатата година.

Падот се должи делумно на презаситеност на пазарот на паметни телефони во Кина. Во извештајот објавен претходно во овој месец, „IDC“, рече дека кинескиот пазар на смартфони се намалил за прв пат во последните шест години, достигнувајќи до побавно темпо на раст во споредба со светските пазари.

„IDC“ сепак гледано според региони, каде што се очекува „стабилен раст“, тоа е во Индија, Индонезија, Блискиот Исток и Јужна Африка. Овие пазари ќе помогнат продажбата на паметни телефони да достигне 1,9 милијарди примероци во 2019-та година.

Падот на продажбата во Кина ќе се одрази и врз наметнување на „Android“ во земјата. Кина е критичен пазар за оперативниот систем на „Google“, а 36% од корисниците користат „Android“ во 2014-та, „IDC“ сега очекува раст од 8,5% на смартфоните со „Android“, а ова темпо, исто е побавно во споредба со светскиот пазар.

И сепак има и добри вести, барем за „Apple“, затоа што се очекува таа да забележи раст од 23% во 2015-та година. „IDC“ забележува дека последното преориентирање на „Apple“ кон производи со поголеми дисплеи би имало директно влијание врз продадените количини. Нешто повеќе, голем дел од корисниците на „Apple“ се уште користат постарите модели на „iPhone“, што значи дека компанијата се уште има простор да расте во текот на остатокот од годината.

„Покрај тоа, ние сметаме дека многу од корисниците на „Android“ мигрираат кон платформата „iOS“, поттикнати од желбата за паметен телефон со поголем дисплеј. Тоа без сомнение претставува можност, врз која „Apple“ се фокусира. Ценовната разлика помеѓу уредите со „Android“ и „iOS“ на многу пазари, сепак, ќе остане главната пречка пред „Apple“, вели Рајан Рајт, програмски директор на „IDC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП