27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Газа „на работ на колапс“

Економијата на Газа „на работ на колапс“

pad-ekonomski-pad

Економијата на Газа се наоѓа на „работ на колапс“, предупреди денес Светска банка и напомена дека стапката на невработеност во таа област е најголема во светот.

Светска банка го повика Израел и меѓународните донатори да ја поправат оваа ситуација.

Во извештајот се оценува дека „блокадите, војната и лошото управување ја угушиле“ економијата на Појасот Газа, со кој управува милитантната група Хамас, пренесува АП.

Светска банка наведува дека општествениот производ на Газа бил четири пати поголем кога не постоеле судири и рестрикции, вклучувајќи ја и блокадата која е на сила од 2007 година.

Израел и Египет и воведоа блокада на Газа откако Хамас насилно ја зазема оваа територија од силите лојални на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој ја има поддршката на Западот.

Израел тврди дека блокадата е неопходна за да се спречи Хамас да набавува оружје и да гради воена инфраструктура. Критичарите сметаат дека тоа е облик на колективно казнување.

Откако го презема Појасот Газа, Хамас три пати водеше војна со Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП