27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувањата за падот на вишокот на понудата ја поттикна цената на нафтата

Очекувањата за падот на вишокот на понудата ја поттикна цената на нафтата

nafta-cena-naftata

Цената на нафтата порасна во четвртокот на светските берзи кон 66 долари, поттикната од очекувањата за скоро намалување на вишокот на понудата и стравувањата од нарушување на испораките од Ирак.

На лондонската берза цената на барелот порасна 80 центи во однос на претодното затворање, на 65,83 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 69 центи пониска цена, од 59,67 долари.

Неделниот извештај на американската влада за залихите повторно го покажа нивниот пад, трет ден по ред. Податокот ги поттикна очекувањата за скорешно намалување на вишокот во снабдувањето на глобалните пазари.

Во меѓувреме вооружените судири во Ирак ги поттикана стравувањата од прекин на испораките од оваа држава. Паравоените единици на Исламската држава го зазедоа градот Рамади, што претставува најголем пораз на ирачките регуларни сили во последната година. Ирак е втор по големина производител во OPEC, а вооружените судири засега не влијаеа на неговиот извоз.

„Цената во Лондон е поттикната од заканата на Исламската држава во Ирак. Сметам дека цените поради геополитичките причини би можела дополнитлено да порасне, кон 70 долари“, оцнеува Кристофер Белју од Jefferies Bache.

Кочница за нагорниот тренд на цените беше истражувањето на британската банка HSBC кое покажа дека активностите во кинеската индустрија повторно се намалени во мај, трет месец по ред, а производството забележало најсилен пад во последната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП