14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатото културно наследство на Непал уништено во земјотресот

Богатото културно наследство на Непал уништено во земјотресот

aww

Во земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер кој го погоди Непал на 25-ти април, речиси го уништи богатото културно наследство на оваа хималајска нација и ги остави во урнатини трите древни кралски плоштади во Патана, Катманду и Бактапура, во долината на Катманду, објавија експерите.

На плоштадот Дурбар во Патана, впишан во светското културно наследство на УНЕСКО во долината на Катманду богата со хиндуистички храмови, скулптури и кралски палата, на местата од храмовите останале купишта камења.

Меѓу знаменитостите на Катманду урната е и кулата Дарара или Басмен, изградена во 1832 година за непалската кралица, висока 62 метри, која е ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство. Кулата последните десет години беше отворена за туристите, а веќе еднаш претрпела оштетувања во земјотресот од 1934 година.

„Земјотресот погоди 90 отсто од знаменитостите. Тешко е да се проценат штетите и загубите, Ден по земјотресот беше испратена екипа за проценување на штетите и составување инвентар на она што е сочувано“, изјави Беш Нарајан Дахал, главен директор за археологија. Според него „во моментот е приоритет да се посвети грижа тоа ниеден предмет да не биде украден или однесен од самото место“.

Агенцијата на Обединетите нации за образование, заштита и култура (УНЕСКО), проценуваат дека штетата нанесена на трите главни знаменитости во долината вброени во светската оставина „е апсолутно драматична“.

На Плоштадот Дурбар во Патана ангажирани се 500 непалски полицајци и војници кои и пребаруваат урнатините во обидот за спасување, а поради повторното градење. Претставник на УНЕСКО изјави дека сочувани се архитектонски нацрти за урнатите споменици, што би требало да овозможи да бидат реконструирани, како што тоа било веќе сторено по земјотресот од 1934 година. УНЕСКО, исто така, активно ќе работи вековните споменици да бидат обновени, така што ќе бидат поотпорни на сеизмички удари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП