26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 грозни деловни навики од кои мора да се ослободите

4 грозни деловни навики од кои мора да се ослободите

201058057552e6aeb13baf123933309_w640

Можеби мислите како веќе од утрото треба да започнате со читање на мејловите, но верувајте ни, не треба… Истото важи и за крајот на денот, бидејќи оваа навика би можела да биде една од причините зошто не можете лесно да заспиете…

1. Мејлови

Можеби мислите дека уште од утрото треба да започнете со читање на мејловите, но не треба. Денот треба да го започнете со мир: со шоља кафе, топол туш, квалитетен појадок и сл. Истото важи и за крајот на денот, бидејќи оваа навика би можела да биде една од причините зошто не можете лесно да заспиете.

2. Исклучување

Со оглед дека знаеме колку е тешко да се исклучите во текот на забрзаниот и напорен работен ден, ви предложуваме барем за време на викендот да останете подалеку од сите нешта поврзани со работата, мејловите, повиците, состаноците… Во сабота и недела, технологијата би требало да ви служи исклучиво за договор со пријателите и семејството. Другите нешта може да ве почекаат до понделник.

3. Неуредно биро

Едноставно:Неуредното биро нема да ви дозволи правилно да се концентрирате на работата. Исфрлете ги сите непотребни работи, искористете ги фиоките, ставете омилена слика на бирото, вазна со цвеќе и ништо друго.

4. Доцнење

Не само што со доцнење се остава впечаток на неуредност и незаинтересираност, доцнењето ве тера со нервоза да го започнете денот бидејќи брзате, па обврските нема да ги завршите, па ќе останете повеќе во канцеларијата, а тоа сигурно не го сакате. Обидете се да дојдете навреме, работите да ги извршите навреме, со цел да имате време за квалитетни паузи и навремено да си заминете од работното место, без стрес и нервози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП