Како и сите други големи имиња кои имаат било каква врска со високо квалитетното и луксузно часовничарство, така и „Faberge“ има специјални креации.
Нивниот нов часовник посветен на дамите е наречен „Haute Joaillerie Summer in Provance“. Неговото куќиште е направено од 18-каратно бело злато и изнесува 37 мм во дијаметар. Декориран е со 374 дијаманти, 17 париба турмалин, 10 смарагди и куполаст горен дел од сафирни кристали, од кои е направен и задниот дел од куќиштето. Сјајното куќиште содржи врвен калибар 3000, со фрекфенција од 28.800vph, рачно гравиран осцилирачки тег од 18-каратно злато, со 14 мали дијаманти.
Ова издание е украсено со mother-of-pearl цветови и листови кои му даваат комплетен божествен и женствен изглед. Неговиот ремен е направен од 18-каратно бело злато и украсен е со дијаманти, цветови и листови.