26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го покажа теренецот на иднината (фото+видео)

Audi го покажа теренецот на иднината (фото+видео)

allroad audi

Компанијата „Audi“ претстави експериментален теренец со името „Рrologue Аllroad“, кој е опремен со хибриден агретат и развива 734 КС. Ова возило го продолжува концептот на другите два прототипот на брендот прикажани претходно – „Рrologue“ (ноември 2014) и „Рrologue Аvant“ (февруари 2015).

allroad audi1

Моделот ќе биде прикажан пред публиката за време на автосаемот во Шангај лично од главниот дизајнер на „Audi“ – Марк Лихте. Должината на концептот е 5130 мм, што е за 185 мм повеќе од „A6 Allroad“. Општо земено теренецот го следи стилот на „Рrologue Аvant“, но клиренсот на новата машина е за 77 мм поголем.

allroad audi2

Во хибридниот агрегат на машината влегува 4,0-литарски бензински твин-турбо „V8“ мотор кој развива 605 КС, електромотор, 8-брзински автоматски менувач и комплет литиум-јонски батерии со 14,1 kW/h. Вкупната моќност на агрегатот е 743 КС и 900 Нм.

allroad audi3

Audi Рrologue Аllroad“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди, а мешовитата потрошувачка наведен од компанијата-производител, е 2,4 л/100 км. Само на електрична енергија прототипот може да помине до 54 километри.

allroad audi4

Автомобилот има систем за погон на сите четири тркала, адаптивно воздушно потпирање, а исто така и „LED“ матрични главни светла, задни со „LED“-елементи и 22-инчни тркала од лесна легура.

Во кабината на концептот се распоредени 3 големи екрани чувствителни на допир. Едниот го заменува панелот со инструменти, вториот е поставен пред патници до возачот, а третиот – пред бирачот на менувач. За патниците на задните седишта е предвиден дополнителен „OLED“ дисплеј, со чија помош може да се дотеруваат седиштата и да се управуваат клима-уредот и мултимедијалниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП