26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостојана канцеларија на Катастарот отворена во населбата Драчево

Постојана канцеларија на Катастарот отворена во населбата Драчево

dracevo katastar245

Агенцијата за катастар на недвижности отвори постојана канцеларија во населба Драчево.

„Отворањето на подрачната канцеларија ќе овозможи Катастарoт да биде поблиску до граѓаните. Кон ова место гравитираат повеќе од 40.000 граѓани кои сега ќе имаат можност тука да ги добиваат имотните листови, копиите од катастарскиот план и сите други податоци кои ги издава Катастарот, без да имаат потреба да патуваат 15 км. Исто така, во оваа канцеларија ќе имаме и стручни лица од областа на геодезијата и правото, па за сите прашања поврзани со нивните имоти и со нивните објекти, граѓаните ќе можат тука да се обратат“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Работното време на подрачната канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во населбата Драчево е од понеделник до петок, во период 8.30 -16.30.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП