26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго зголемен бројот на вработените во индустријата

Благо зголемен бројот на вработените во индустријата

rabotnici00

Индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари бележи пораст од 2,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари бележи опаѓање од 4,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,0 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 отсто, Капитални производи за 22,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари, во однос на периодот јануари – февруари, изнесува 102,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП