27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошкиот сектор поттикна раст на европските берзи

Технолошкиот сектор поттикна раст на европските берзи

berza zvonce

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во понеделникот, по остртиот пад во минатата недела, а во фокусот на инвеститорите се најдоа технолошките акции поради најавата за преземања во секторот.

FTSEurofirst индеклсот на 300 водечки европски акции околу 12:00 часот беше во плус 1,2 отсто, на 1.597 поени, откако минатата недела потона за два отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во добивка од 0,80 отсто, на 6.908 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,30 отсто, на 12.023 поени, а париски CAC се зголеми 0,90 отсто, на 5.078 индексни поени.

Најмногу денеска пораснаа цените на акциите во технолошкиот сектор, откако во петокот беше објавено дека најголемиот светски производител на чипови Intel преговара за купување на конкурентската компанија Altera.

Оваа вест поттикна шпекулации за натамошни преземање во секторот, по што изутрината цените на акциите на Infineon, ARM, ASML и STMicroelectronics скокнаа од 2,3 до 3,2 отсто.

Благодарение на ова, денеска берзанските индекси значително пораснаа, надоместувајќи голем дел од загубите од минатата недела.

„Минатата недела пазарот здивна, но немаше значителни продажни сигнали. Техничката анализа покажува дека на видик нема посилно ниво на отпор, поради што сега треба да се следи нагорниот тенд“, вели Жан-Луис Кусак, директор во компанијата Perceval Finance.

Доброто расположение на берзите се должи и на новиот пад на курсот на еврото во однос на доларот.

Еврото во изминатите години ослабна околу 20 отсто кон доларот, што ја зголемува конкурентноста на европските компании на светскиот пазар, со што се очекува раст на нивните приходи и добивка. Од друга страна таквиот тренд лошо влијае врз американските мултинационални компании.

Позитивно на берзите влијае и најавата на кинеската централна банка дека наскоро би можела да воведе доплнителни поттикнувачки монетарни мерки бидејќи растот на втората по големина светска економија забавува.

Меѓу ретките губитници денеска е Атинската берза. Тамошниот ATG индекс падна над еден отсто, откако преговорите за време на викендот помеѓу Грција и кредиорите не доведоа до исчекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП