26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПозитивни реакции од компаниите за новите мерки за вработување

Позитивни реакции од компаниите за новите мерки за вработување

^46A2E9AAF8A3AE5126117D478D48A6A895A88C293B759DB0C0^pimgpsh_fullsize_distr

Компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во рамки на Форумот со работодавачи има можност да се запознаат со новите мерки и програми за вработување годинава.

На форумот со работодавачи на тема „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“, пред присутните компании се обратија претседателот на ССК, Данела Арсовска, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.

За бизнис секторот е од особена важност субвенционирањето и понудата на мерки кои ќе го стимулираат вработувањето.

„Секоја компанија има потреба од кадар кој ќе придонесе во нејзиниот развој, но не секогаш имаат можност тоа да го направат. Знаеме дека трошоците кај компаниите во значителен дел се за плати. Мерките за вработување на млади лица, како и  најавените нови сет мерки кои ќе стапат на сила, потоа субвенционирање на директни вработувања во компаниите, обуки за нововработени, се повеќе од добредојдени за компаниите кои имаат план за проширување на својата дејност и имаат потреба од нови вработувања.

Веруваме дека мерките ќе ги мотивираат работодавачите да го зголемат капацитетот на човечки ресусри во нивните компании, да се квалификуваат и да придонесат во развојот на компаниите“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека целиот сет на мерки со кои ќе се реализираат нови вработувања, се позитивни бидејќи имаат за цел креирање на нови работни места и намалување на невработеноста од една страна, а од друга страна ќе значат олеснување на давачките за компаниите.

Во рамки на работниот дел на Форумот компаниите дискутираа за искуствата од досегашната примена како и идентификување на предизвиците и потребите на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво и национално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП