26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на активните мерки и програми за вработување пред работодавачите

Презентација на активните мерки и програми за вработување пред работодавачите

sojuz stopanski komori MK1

Форум со работодавачи, на кој ќе бидат презентирани активните мерки и програми за вработување годинава, ќе го одржи денес Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Форумот е во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП), Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), Центрите за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

Во рамки на форумот ќе се обрати  претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија  Влатко Поповски.

Форумот е од особена важност и е организиран на барање на компаниите членови на ССК, во насока на информирање за најновите активности и бенефиции од користењето на мерките и програмите за вработување годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП