27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на откупени дела од Конкурсот на Министерството за култура

Изложба на откупени дела од Конкурсот на Министерството за култура

izlozhba-na-likovni-dela-od-otkupot-vo-2014-godina-246810

Изложбата на дела од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година, ќе биде отворена во понеделник напладне во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам.

Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, како од постарата, средната, како и од  помладата генерација уметници со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој. Најголемиот дел од откупените дела се наменети за збогатување на збирките и поставките на Музејот на современата уметност и  Националната галерија на Македонија.

Меѓу откупените дела кои се делигирани во збирката на Музејот на современатауметност се наоѓаат авторите: Жанета Вангели, Благоја Маневски, Славица Јанешлиева, Беди Ибрахим и др.  За  збирката на Националната галерија откупени се делата на: Ристо Калчевски, Симон Шемов, Рубенс Корубин, Веле Ташовски, Томе Аџиевски и др.

Изложбата ќе биде отворена за увид на македонската јавност до 7 април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП