27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката влада го усвои првиот закон против сиромаштијата

Грчката влада го усвои првиот закон против сиромаштијата

grckakrj3478ry4378gt43t

Грчката влада предводена од челникот на радикалната левица Алексис Ципрас во средата со поддршката на коалицискиот партнер националистичката партија Независни Грци го усвои првиот закон во својот мандат за пакетот социјални мерки во полза на оние коишто се најтешко погодени од долгогодишната финансиска криза.

Закон го изгласаа 149-те пратеници од левичарската Сириза и 13-те од Независни Грци, како и пратеници од поранешните владејачки партии, конзервативната Нова демократија и социјалистичкиот Пасок. Со законот за справување со сиромаштијата особено се предвидува бесплатна испорака на електрична енергија, бонови за храна, за превоз и други бесплатни услуги за најсиромашните.

Во продолжение грчките парламентарци се изјаснуваат за законот, член по член, истовремено со зголемувањето на напнатоста меѓу Атина и нејзините странски доверители, околу договорот со кој ќе биде овозможено да бидат деблокирани средствата коишто ѝ се неопходни на Грција за да го избегне банкротот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред изјаснувањето на пратениците одржа жесток говор во кој истакна дека неговата влада не се плаши од заканите упатени на Грција. „Некои технократи се обидуваат да не’ заплашат со ултиматуми“, изјави Ципрас кој смета дека неговото мнозинство избрано на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари морала да се соочи со 50 дена исполнети со казани .

Грчката влада остро реагираше во вторникот навечер на пишувањата на медиумите според кои претставникот на Европската комисија меѓу странските доверители, Деклан Костело, побарал консултации пред изгласувањето на законот.

„Во името на која Европа се осмелува да зборува за еднострана акција кога станува збор за борбата против сиромаштијата. Од тоа не се плашам, некои бараат замрзнување на тие закони, но ние одговараме со изгласување на тие закони“, рече во средата Ципрас.

„Од почетокот знаеме дека патот е миниран, дена не’ демне опасност од финансиско задушување, но нашите партнери полека не’ запознаваат и знаат дека ние не сме продолжение на претходните влади, што морало да ги разочара“, додаде грчкиот премиер.

Истакна и дека е отворен за предлози однатре и однадвор, и дека сака да го почитува договорот од 20-ти февруари, но дека и партнерите мора да го сторат истото. Тој договор за четири месеци ја продолжува финансиската помош на Грција, но за деблокирањето на парите се водат тешки преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП