2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските залихи ја спуштија цената на нафтата под 53 долари

Американските залихи ја спуштија цената на нафтата под 53 долари

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата се спушти во средата на светските берзи под 53 долари откако податоците од американската нафтена индустрија покажаа ново рекордно ниво на залихи во најголемиот светски потрошувач.

На лондонската берза, цената на барелот за испораки во мај падна за 62 центи во однос на претходното затворање, на 52,89 долари. На американската берза со барелот се тргува по 1,25 долари пониска цена, од 42,21 долар.

Во фокусот  се најде најновиот извештај на Американскиот институт за нафта (API), кој покажа скок на залихите на сирова нафта во минатата недела за дури 10,5 милиони барели, на вкупно 450 милиони барели, ново рекордно ниво. Со тоа продолжува рекордната низа веќе десетта недела по ред.

Залихите на сирова нафта во јазолот Кушинг пораснале за три милиони барели, соопшти API.

„Станува збор за голем раст, особено ако се земе в предвид темпото на раст на залихите на кое сведочиме во последно време. Доколку продолжи, постои можност резервоарите во Кушинг да бидат полни до врв во април или во мај“, прогнозира Доминик Хајвуд од Energy Aspects.

Американската влада службените податоци ќе ги објави во текот на денот.

Трговците исто така со нетрпени следат дали американската централна банка на денешната седница ќе ги скицира целите на монетарната политика, вклучително и каматните стапки.

„Доколку Фед повторно го одложи кревањето на каматните стапки, доларот веројатно ќе ослабне, но само краткорочно“, наведуваат во белешката аналитичарите на сингапурски Phillip Futures.

OPEC на својата интенет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во вторникот изнесуваше 48,76 долари, што значи дека се намалила за 60 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП