26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез повторно се враќа во Англија, овој пат во Сити!?

Бенитез повторно се враќа во Англија, овој пат во Сити!?

rafa be

Рафаел Бенитез може да оствари враќање во англиската Премиерлига, но овој пат како менаџер на Манчестер Сити, пишуваат англиските медиуми.

Актуелниот тренер на „граѓаните“ Мануел Пелегрини е под сериозна закана по поразот од Барнли, кој значително ги намали шансите на тимот да го стигне лидерот на табелата, Челзи.

Освен тоа „небесно сините“ се на пат да бидат исфрлени од Лигата на Шампионите, каде што загубија дома од Барселона со 1:2 во првиот натпревар. Реваншот е оваа недела.

Ако може да се верува на весникот „Дејли Стар“, Бенитез се претвори во фаворит за функцијата, откако стана голем фаворит пред другите две опции, Хосеп Гвардиола и Диего Симеоне.

Поранешниот тренер на Челзи и Ливерпул најверојатно ќе остане слободен агент во текот на летото, бидејќи досега го нема обновено договорот со Наполи.

Самиот стратег објави дека ќе ја соопшти својата конечна одлука во април. Не се исклучува можноста да се направи своевидна размена, па Пелегрини да го преземе клубот од Неапол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП