26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААна Винтур ја откри тајната за својот успех

Ана Винтур ја откри тајната за својот успех

85552_profimedia0221993330_630x0

Ана Винтур (65) вели дека брзото донесување на одлуките е од пресудно значење и смета дека нејзиното отпуштање од магазинот „Harper’s Bazaar“ и помогнало во нејзината кариера. Затоа смета дека сите би требало да бидат отпуштени барем еднаш во животот за да го постигнат својот успех.

Ана Винтур е една од најуспешните и најпознати уредници на магазини во светот. Позната е по својот ладен став, боб фризурата и по тоа што во речиси сите прилики носи очила.

85551_profimedia0219635266_630x0

Но што оваа уредничка на Vogue ја прави успешна?

Во интервјуто кое го даде на Алистат Кембел за неговата нова книга „Winners And How They Succeed“ таа ја подели својата тајна за успехот.

Ана која стана уредник на „Vogue“ во 1988 откива дека одлучноста, способноста да чува тајни и брзото подигнување по падовите ја довеле до врвот.

Таа била отпуштена од местото моден уредник во магазинот „Harper’s Bazaar“ во 1975 година по само девет месеци работа.

76056_p-profimedia0157514387_630x0

„Сите би требало да бидат отпуштени барем еднаш во животот, бидејќи совршенството не постои. Падовите се многу важни, бидејќи така се потсетуваме на животната реалност“, вели таа.

Но, нејзиниот најважен трик кој можете да го научите од неа е да се преправате дека знаете што работите, дури и кога не сте целосно сигурни во себе.

„Таа била организирана и одлучна да успее, а уште една работа која она ја прави поинаку од повеќето луѓе е тоа што станува многу рано – нејзиниот работен ден започнува со станување во пет часот наутро, но затоа за време на викендите Ана потполно се „исклучува“.

Нејзиниот природен ботокс е „Никогаш не им се предавајте на емоциите и нема да имате брчки“.

Отворено вели дека ги презира дебелите жени. Не ја интересира што другите велат за неа. Таа го сака крзното. Здруженијата за заштита на животни ја мразат. Никогаш не направила селфи и поради тоа заслужува почит. Има иста фризура веќе 25 години, но тоа не и смета да биде број еден во модната индустрија.

Нејзината личност го инспириаше креирањето на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

64125_p-profimedia0097860098_630x0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП