8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова СМС наградна игра на ОНЕ - за најсреќниот опел корса

Нова СМС наградна игра на ОНЕ – за најсреќниот опел корса

one-nagradna-igra-2015

Сите корисници на телекомуникацискиот оператор ОНЕ од среда, 4 март, имаат можност да учествуваат во новата наградна игра “Погоди и освој Corsa ” и да станат добитници на OPEL Corsa, но и многу други вредни награди.

Според организаторот, со испраќање на СМС порака со текст “DA” на 1415, за дневна претплата од само 35 денари, корисниците на ОНЕ можат да се вклучат во наградната игра, да го погодат бараниот збор и да освојат награди, главна награда опел корса, секоја недела сони 32 инчен телевизор и секој ден парична награда во висина од 5.000 денари.

Добитниците на наградите ќе бидат извлекувани по случаен избор и истите ќе бидат објавувани во рок од три работни дена на веб страницата www.one.mk.

Во извлекувањето на дневните награди учествуваат сите учесници кои имаат активирано дневна претплата за денот за кој се однесува наградата, вклучувајќи ги и учесниците кои бесплатно учествуваат во играта истиот ден.

Наградната игра ќе трае до 12 мај, 2015 година, a првите три дена за секој учесник се бесплатни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП