26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако 1.000 долари можат да се претворат во 11,6 милиони за половина...

Како 1.000 долари можат да се претворат во 11,6 милиони за половина век?

iljada dolari

Многу се зборува за генијалниот Бафет. А главната причина за тоа е фактот дека тој успева да успее на пазарот не само за година или две, туку и со многу повеќе…

Во последните 50 години, фондот управуван од него – „Berkshire Hathaway“ им носи на инвеститорите просечен годишен принос од 19,7% во однос на оној на поширокиот индекс „S & P 500“ од 9.8% (со вклучување на дивидендите).

Луѓето кои инвестирале 1.000 долари во фондот на Бафет од неговото основање во 1964-та година, денеска имаат вртоглав износ од 11,6 милиони долари. Тогаш акциите на компанијата чинеле само 19 долари. За споредба, на 27-ми февруари акциите на фондот се на ниво од 221.180 долари.

Дури и инвеститорите, кои подоцна му се довериле на Бафет, исто така би се пофалиле со завидна добивка. Инвестирани 1.000 долари во фондот во 1990-та година, денеска вредат 33.136 долари.

Еве во колку би се претвориле 1.000 долари, инвестирани во текот на годините во познатиот фонд:

table-final122

* Податоци: Business Insider

Како што се гледа од табелата, изминатата година била една од ретките лоши за инвеститорите, па инвестираните 1.000 долари во 2014-та година се со помала вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП