8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија славеше во Дрезден, нова повреда на Ројс

Борусија славеше во Дрезден, нова повреда на Ројс

borusija-5rojs-povreda

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд изборија пласман во четвртфиналето на германскиот Куп со победата над третолигашот Динамо Дрезден (2:0). Победата на Борусија (петта на последните шест натпревари) во сенка ја фрли новата повреда на Марко Ројс.

Борусија во Дрезден победи со головите на Чиро Имобиле постигнати во 50. И 90. минута од натпреварот. Сепак повредата на Ројс го загрижи тренерот Клоп.

Напаѓачот на Борусија играта ја напушти во 22.минута поради повреда на левото колено.

Покрај Борусија пласман во четвртфиналето изборија и Хофенхајм со победата од 2:0 над Ален, Фрајбург кој со 2:1 славеше над Келн, и Баер Леверкузен кој дури по продолженијата го елиминираше Кајзерслаутерн.

Во среда ќе се одиграат преостанатите осминафинални натпревари: Арминија Билефелд-Вердер, Лајпциг-Волфсбург, Баерн Минхен-Брауншвајнг и Кикерс Офенбах-Борусија Менхенгладбах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП