26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози и без забрани

Сообраќајот се одвива по суви коловози и без забрани

patista6

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Од АМСМ со препорака до возачите за почитување на поставената сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП