27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсна царинска декларација за мали пратки до 800 евра

Усна царинска декларација за мали пратки до 800 евра

granica

Царинската управа од денеска започнува кампања со цел да ги информира граѓаните за можноста за поднесување усна царинска декларација, без дополнителни трошоци за шпедитерски услуги.

За таа цел се изработени брошури на македонски и албански јазик и видео спот во кои се содржани сите потребни информации за искористување на оваа можност.

Усна царинска декларација може да поднесе секое правно или физичко лице и оваа декларација се однесува за мали пратки нарачани преку интернет, испратени по регуларна или брза пошта од странско на домашно физичко лице во вредност до 800 евра и тешки до илјада килограми.

Граѓаните можат да ја искористат оваа можност на тој начин што веднаш откако превозникот ќе ги извести дека е пристигната пратката и дека треба да се спроведе царинска постапка, треба да се изјаснат дека сакаат да поднесат усна царинска декларација.

– Не станува збор за новина во работењето, туку за можност која постои, но за која увидовме дека граѓаните не се доволно информирани. Поднесувањето на усна царинска декларација не значи ослободување од плаќање царински и други давачки. Со поднесувањето на усната царинска декларација се избегнуваат шпедитерските трошоци што ги пресметуваат т.н. брзи пошти за поднесување царинска декларација во писмена форма, истакна денеска на прес- конференција директорката на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска.

Повеќе информации граѓаните може да најдат на интернет-страницата на Царинската управа или на телефонот 02 3 116 188.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП