20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија предвреме го отплати долгот кон ММФ

Македонија предвреме го отплати долгот кон ММФ

mani

Македонија предвреме во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари.

Со тоа, како што соопшти во сабота, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени.

Кредитот во износ од 312 милиони долари беше земен во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та.

„За да го пресретнеме ризикот од натамошен раст на американскиот долар и на тој начин да заштедиме пари, направивме опсежни анализи земјаќи ги предвид сите можни сценарија и проценки за натамошното движење на американската валута во однос на еврото по што одлучивме дека е добро и корисно предвреме да се отплатат преостанатите 174 милиони долари“, нагласи Ставрески.

Министерот информира и дека кредитната агенција Фич го потврди ББ+ рејтингот за Македонија со стабилни изгледи.

„Ова е уште една потврда за добриот резултат на македонската економија и за нејзините добри перспективи“, рече Ставерски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП