8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГранж стана светски првак во слалом

Гранж стана светски првак во слалом

zan-baptist-granz

Францускиот скијач Жан-Баптист Гранж освои златен медал на трката во слалом, која беше последна на Светското првенство кое две недели се одижуваше во Вејл и Бивер Крик, САД.

Македонскиот скијач Антонио Ристевски кој настапи на оваа трка не оствари пласман бидејќи не ја заврши првата трка.

Гранж победи со вкупно време од 1:57.45 минути и го повтори успехот од пред четири години кога во Гармиш-Партенкирхен исто така ја освои светската титула.

Второто место му припадна на Германецот Фриц Допфер, а неговиот сонародник Феликс Нојројтер го освои третото место.

Фаворитот за златниот медал и бранител на титулата од претходниот Мундијал, Марсел Хиршер не ја заврши втората трка и остана без пласман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП