1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фич“: Се уште е можен договор меѓу Грција и кредиторите

„Фич“: Се уште е можен договор меѓу Грција и кредиторите

fitch-ratings

Меѓународната бонитетена агнеција „Фич“ смета дека се уште е можно постигнување договор меѓу новата грчка Влада и странските кредитори, но дека постои и „голем ризик“ од пропаѓање на преговорите.

Двете страни во преговрите имаат „силен стимул“ за постигнување договор за исплата на преостанатите транши од програмата за спас на Грција во вредност од 240 милијарди евра и покрај ветувањето на новиот грчки премиер Алексис Ципрас дека ќе се откаже од спроведување на некои од клучните обврски што ги презема Грција како услов за доделување на помошта, смета „Фич“.

За денеска е најавена средба на Ципрас со претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум, во услови кога високи претставници на ЕУ порачуваат дека Грција мора да ги почитува преземените обврски.

Ципрас по преземањето на власта најави дека ќе запре неколку од клучните приватизации и дека нема да се стреми кон постигнување буџетски суфицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП