26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија има 522 акционерски друштва од кои 16 нови

Во Македонија има 522 акционерски друштва од кои 16 нови

berza-ak-ak

Вкупно 522 акционерски друштва се евидентирани во Македонија заклучно со 31 декември минатата година. Од нив 16 се нови, а кај 13 е евидентирана постапка на стечај.

Податоците со кои располага Централниот депозитар на хартии од вредност покажуваат дека номиналната вредност на издадените акции минатата година изнесувала 234,3 милијарди денари, а пазарната вредност била 254 милијарди денари.

Ова се нормални состојби за пазарот на хартии од вредност и во однос на претходната година не може да се каже дека има некои големи разлики. Не би рекла дека е зголемен интересот, меѓутоа не ни опаѓа, туку се држи во рамки на некои нормални процеси и соодветно на животните процеси на акционерските друштва, оцени денеска директорката на Централниот депозитар Елена Јакимовска­Петровска.

Најголем дел од акционерските друштва се оние кои имаат од 11 до 100 акционери, но значителен број се и друштвата со голем број акционери.

Имаме солидна структура на акционерски друштва со голем број акционери коишто се присутни за тргнување на Берзата, но и во делот на акционерските друштва со мал број акционери имаме солидна структура на веќе инкорпорирани акционерски друштва кои понатаму можат да бидат предмет на тргнување во случај нивните акционери да донесат одлука да го направат друштвото достапно за јавноста, односно да понудат дел од своите акции за тргување, рече Јакимовска­ Петровска.

Согласно податоците, најголем дел од имателите на хартии од вредност се домашни физички лица, односно 81.003, 1.859 се домашни компании, 1.273 странски физички лица и 280 странски компании. Доминира популацијата над 45 години, што според Јакимовска­Петревска е логично, бидејќи тие се лица кои имаат акумулациска моќ.

Централниот депозитар денеска ја промовираше и редизајнираната веб страница на која отсега на полесен и подостапен начин може да се најдат потребните информации. На www.cdhv.mk, воведени се бројни содржини кои ја олеснуваат постапката на подготовка на документација заради соодветни уписи на промени во Депозитарот, а посветено е особено значење и на брзото и едноставно изнаоѓање голем број релевантни информации за издадените хартии од вредност во Република Македонија, како и статистички извештаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП