26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБуџетот за Мундијалот во Русија ќе биде скратен за 10 проценти

Буџетот за Мундијалот во Русија ќе биде скратен за 10 проценти

rusija world cup

Министерот за спорт на Русија изјави дека Владата ќе го скрати буџетот за Светското фудбалско првенство во 2018-та година, како дел од решенијата за финансиските ограничувања кои произлегуваат од кризата во земјата.

Руската влада ќе скрати трошоците за 10 отсто, откако во декември централната банка на земјата ги повика сите сектори да ги ограничат трошоците, а државниот буџет ќе биде намален за 4.7 проценти за 2015-та година.

„Намалувањата ќе ги опфатат овие моменти во подготовките, кои не се однесуваат на изградба на инфраструктурата“, изјави министерот за спорт, Виталиј Мутко.

Самиот Мутко е член на Извршниот комитет на ФИФА. Одлуката на Владата не би требало да биде изненадување, бидејќи точно пред една недела самиот Мутко го најави ова и објасни дека трошоците за Светското првенство ќе бидат оптимизирани.

Оваа недела пак, Сеп Блатер – претседател на Светската фудбалска федерација, бил убеден од претседателот на Русија, Владимир Путин дека економските проблеми нема да влијаат на квалитетот на турнирот.

Седумте стадиони треба да бидат изградени од федералниот буџет, а вкупно 12 стадиони во 11 градови ќе бидат домаќини. Првенството ќе се одигра од 14-ти јуни до 15-ти јули 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП