26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБен Пастернак - тинејџер за кој се борат Google и Facebook

Бен Пастернак – тинејџер за кој се борат Google и Facebook

252190D200000578-2929308-image-a-22_1422419133560-634x330

Австралискиот тинејџер зад себе има успешна игра за iPhone, агрегатор за социјалните мрежи, па не не чуди тоа што гигантите од Силиконската долина се борат да го вработат…

Иако има само 15 години, Австралијанецот Бен Пастернак е автор на играта за iPhone Impossible Rush, која само во првите шест недели е симната повеќе од половина милиони пати. Играта ја направил со пријател, бидејќи, како што вели тој, им било досадно на училиште.

Малиот генијалец потоа учествувал во натпреварот за програмери во Силиконската долина, како само еден од тројцата повикани надвор од САД и го воодушеви жирито со апликацијата One, агрегатор кој на едно место ги нуди податоците од сите социјални мрежи кои ги следите.

Не е чудно тоа што младиот Бен е препознаен како исклучително надарен од технолошките компании, воедно и најпосакуваните работодавци, не само во технолошкиот сектор туку општо, и фактот дека тие сега се натпреваруваат кој да го привлече да дојде на пракса кај нив.

„Facebook“ го повика да го посети седиштето во Калифорнија, а еден од потпретседателите на „Google“ го повика Бен да дојде во нивниот кампус и да остане колку што сака.

Паметниот тинејџер за „Mashable“ на прашањето за тоа каде ќе ја продолжи кариерата одговорил само: Ќе видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП