26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралниот депозитар ќе ја презентира новата веб страница

Централниот депозитар ќе ја презентира новата веб страница

centralen-depozitar

Централниот депозитар на Македонија пушти во употреба нова веб страница, на која на прегледен и едноставен начин ги презентира информациите од работењето.

Како што информираат, веб страницата www.cdhv.mk , има нова структура на содржините и значајно е збогатена со информации. Воведени се бројни содржини кои ја олеснуваат постапката на подготовка на документација заради соодветни уписи на промени во Депозитарот. За информативни цели на широката јавност, посветено е особено значење на брзо и едноставно изнаоѓање на голем број релевантни информации за издадените хартии од вредност во Република Македонија, како и статистички извештаи.

Имајќи ја предвид законската обврска на Депозитарот на својата веб страница да ги објавува акционерите кои поседуваат повеќе од 5 отсто од определена класа на хартии од вредност на котирани друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување, на главната страна е воведен брз линк до тие податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП