26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарична казна за Касано

Парична казна за Касано

Stramaccioni e Cassano

Фудбалерот на Интер, Антонио Касано е казнет со 40.000 евра поради конфликтот со тренерот Андреа Страмачони.

Касано минатиот петок е одалечен од екипата затоа што по тренингот влегол во дискусија со тренерот, но италијанските медиуми пренесоа дека меѓу нив дошло и до физички контакт.

Посериозен конфликт спречиле Дејан Станковиќ и менаџерот на тимот, Иван Кордоба.

Па така италијанскиот репрезентативец го пропушти натпреварот со Катанија во неделата, но се извини на екипата и тренерот и ќе биде со тимот за осминафиналето од Лига Европа против Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП