27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиските клубови потрошиле 1.2 милијарди долари за трансфери во 2014-та година

Англиските клубови потрошиле 1.2 милијарди долари за трансфери во 2014-та година

transfer pari23

Англиските фудбалски клубови се оние кои даваат најмногу за привлекување на нови фудбалери, стана јасно од извештајот на ФИФА за 2014-та година.

Тие потрошиле 1.17 милијарди долари за трансфери на играчи од други држави. Тоа е околу 30% од целокупниот пазар, пресметан на 4.06 милијарди долари.

Иако воведениот финансиски ферплеј од УЕФА, англиските претставници имаат корист од моќниот импулс од рекордната зделка за продажба на телевизиските права на Премиерлигата, за да си дозволат големите трошоци.

Шпанските клубови се на второ место, но остануваат далеку поназад со 700 милиони долари. Во исто време клубовите од Пиринејскиот полуостров продале играчи во странство за 667 милиони долари.

Бразил е на прво место по бројот на трансфери во 2014-та година. Оваа земја е најактивна со вкупно 1335 меѓународни трансфери.

Податоците покажуваат дека Шпанија привлекува најмногу фудбалери на возраст под 18 години. Од 400 трансфери 352 добиле одобрение.

transferi grafa11111

ФИФА ги истражува мадридските Реал и Атлетико, како и Валенсија, но и други клубови поради анонимни сигнали дека го прекршиле правилникот за привлекување на малолетни фудбалери. Барселона веќе беше казнета за тоа и нема право да прави трансфери во текот на целата 2015-та година.

Податоците анализирани преку системот за следење на трансферите (TMS), покажуваат дека провизиите за агентите се зголеми до 236 милиони долари. Во повеќе од 20% од меѓународните трансфери учествува и некој менаџер.

Извештајот за 2014-та година го зема за предвид и вообичаениот ефект на светското првенство. Кај него се забележува голем раст во некои земји кои учествувале на најголемиот меѓународен турнир. Трансферите со фудбалери од Костарика, на пример, добија 10 милиони долари, а една година порано биле само 1 милион.

Системот „TMS“ беше воведен од ФИФА пред седум години, за да се контролираат плаќањата трансакции и случувањата на меѓународниот фудбалски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП