26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕдноставна куќа со комплексен ентериер (фото)

Едноставна куќа со комплексен ентериер (фото)

komp1

Оваа едноставна куќа, со геометриски облик, ни ја открива сложената шема во ентериерот…

Студиото „Floisand“ го заврши овој проект, приватна куќа во Сиетел, Вашингтон. Како што можете да видите на фотографиите, екстериерот на куќата прикажува едноставна геометрија, со правоаголни коцки, поставени една на врвот од другата, во црно бела интеракција на боите.

Долното ниво гледа во дворот и завртен е кон улицата, алудирајќи на постоечките гаражи. Спротивната страна на куќата се отвора кон бујната градина со водени карактеристики. Големите прозори и дрвените балкони обезбедуваат оптимална врска со отворениот простор.

Едноставна геометрија има и во ентериерот на куќата. Бојата е важен фактор во дизајнот, која создава позитивни вибрации и прикажува модерен изглед.

Дневната соба, кујната и трпезаријата се сместени во отворената зона. Комплексниот ентериер има високи тавани и разни текстури кои се прикажани ширум просторот. Особено делот, каде полиците се спојуваат со каминот, претставува главен фокус на друштвениот простор.

komp2

komp3

komp4

komp5

komp6

komp7

komp8

komp9

komp10

komp11

komp12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП