27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенадеен пад на цената на златото и среброто

Ненадеен пад на цената на златото и среброто

Switzerland Saving The Gold

Златото ова утро ја регистрираше најголемата загуба на вредноста од почетокот на оваа година, поради шпекулациите дека победата на грчката левичарска партија Сириза на парламентарние избори ќе доведе до излез на Грција од еврозоната.

„На пазарот за благородни метали се тргува со доста неизвесности поради неодамнешните акции на Европската централна банка и исходот од грчките избори, изјави аналитичарот на германската „Commercbank“, Еуген Вајнберг, пренесува Блумберг.

Цената на златото за непосредна испорака на Лондонската берза падна за 0,9 проценти на 1.283 долари, што е најголемиот пад од 31 декември, додека цената на златото за февруарските испораки падна за 0,7 проценти на 1.282,90 долари на Њујоршката берза.

Цената на среброто за непосредна испорака се намали за 1,7 проценти на 17,9820 долари за унца, додека цената на платината е намалена за 1,3 проценти на 1.252,3 долари за унца, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП