26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвршени контроли во 29 угостителски објекти, осум казнети

Извршени контроли во 29 угостителски објекти, осум казнети

zatvorenoodUJP

Припадници на полицијата во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера и завчера извршија акциска контрола во 29 угостителски објекти на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што кај осум од нив се констатирани неправилности за што се изречени соодветни казни.

Како што соопшти МВР, во контролата извршена во Ланч бар “Кадмо“ на ул. “Коста Абраш“ од страна на УЈП поради неиздавање фискални сметки објектот ке биде времено затворен 15 дена, а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и 750 евра за одговорно лице во правното лице.

На подрачјето на полициската станица Струга контрола е извршена во угостителските објекти кафе бар “Миа“, “Тренди“, “Стрит“, ресторан “Босфор“, “Ванила вип“ и, “Перла“ при што не беа констатирани неправилности по кој било основ.

На подрачјето, пак, на полициската станица Дебар контрола беше изврешена во шест угпостителски објекти и тоа: кафе бар “Либурн„ “ББС“ слаткарница “Беса“ и рестораните “Колонија“, “Фусион“ и “Јон“.

Од извршената контрола беа констатирани прекршоци од Законот за заштита од пушење и тоа во кафе бар “Либурн“ каде што е изречена глоба од 500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и две глоби од по 150 евра за две физички лица затекнати со цигари во објекто, а идентично и во слаткарницата “Беса“, исто така согласно Законот за пушење е изречена глоба од 500 евра за правното лице, како и две
покани за наплата на глоба од по 150 евра во денарска противвредност за две физичко лице затекнати со цигари во објектот.

Во другите четири локали не се евидентирани неправилности Инаку, завчера на подрачјето на СВР Охрид (ПС од ОН Охрид и ПС од ОН Кичево) беа извршени контроли во 16 објекти од кои во пет (два локали во Охрид и три во Кичево) беа евидентирани неправилности.

Притоа беа изречени глоби во висина над 19.000 евра, а изречени беа и четири времени забрани за вршење дејност ­ две во траење од по 15 дена и две во траење од по 30 дена, се наведува во соопштението.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП