26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.12.2014

Дневен хороскоп 20.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Пред вас стои ново работно место кое најверојатно ќе биде подобро платено од досегашните ваши работни места. Бидете посериозни и работете вредно, трудот ќе ви се исплати. Во љубовта имате неверојатна среќа што сте ја запознале личноста која стои до вас. Таа е вашата поддршка каде и да одите што и да правите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не им верувајте на оние кои ви ги пренесуваат муабетите. Дознајте за случувањата сами. Постои можност да ви бидат вратени некои финансиски средства кои дури и сте заборавиле дека сте ги позајмиле. Денешниот ден за вас е прекрасен, едноставно исполнет со среќа и љубов. Приредете му на партнерот некакво изненадување, уживајте во опкружувањето со пријателите и бидете заедно со семејството.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Околината ве советува да направите нешто за кое вие сеуште не сте подготвени. Имате проблеми самите со себе и никако не можете да се договорите. Можеби се плашите од обврските кои доаѓаат. Вашите пријатели ќе ве повикаат на разговор за заедничко инвестирање, но внимавајте можеби вие сте само изворот на финансии.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не треба да се разочарувате затоа што лицата околу вас имаат работа која е подобро платена, сами треба да го промените тоа, вие вредите повеќе но во моментов сте во незгодна ситуација која не ви дозволува да барате посебни услови на работното место, затоа издржете уште малку и зачувајте ја работата. Ќе добиете финансиска поддршка од партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате забава за една ноќ, но тоа може скапо да го чини вашиот кредибилитет. Не се плеткајте во работата на шефот, и не им шефувајте на колегите, бидејќи и тоа скапо ќе ве чини. Односите со околината ќе бидат лоши, можно е да загубите некој верен пријател. Вклучете се во некоја нова активност и пополнете си го времето.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате големи очекувања од иднината, но наместо толку да се надевате земете и најпрвин завршете ги работните обврски, потрудете се да се вклучите во нови работни проекти, истакнете се и обидете се да заслужите напредување. Постои можност да сретнете некоја личност од минатото која ќе ве потсети на безгрижниот детски живот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сакате некаков искрен разговор со саканото лице, но тоа ве одбегнува. Чувствувате дека постои некој проблем и дека не е се како порано. Не кажувајте навредливи нешта избрзано, воздржете се. Сте планирале некаков пат во странство, но тоа нема да ви се исполни барем не во овој момент, ќе треба да почекате. На работното место не се задоволни од вашите залагања, многу ветувате, малку работите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате некаков нерешен проблем кој денес ќе ви стои пред патот, соберете сила и разговарајте со партнерот за сето тоа. На работното место ќе мора да ги завршите и задачите кои не успеале да ги завршат вашите колеги. Не се нервирајте од тоа ќе произлезе шанса за поголем напредок. Бидете забележливи, нагласувајте ги вашите карактеристики.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Никако да ја средите вашата нервоза која во последно време управува со вас. Посакувате да заминете далеку и проблемите да им ги оставите на другите. Мора да научите да се борите со предизвиците. Колегите од работа ќе ве покријат на работното место, а семејството ќе ви даде поддршка во проблематичните денови.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се мислите од каде да започнете, обврските ви натежнале, а вие не знаете од кого да побарате помош. Колегите и соработниците ќе побараат помош за некој проект за кој вие реално не сте подготвени, внимавајте на потезите можете да погрешите. Во љубовта и семејството се е добро организирано. Пријателите ќе очекуваат ваш повик за заедничко кафе.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате да организирате забава за пријателите. Направете го тоа на оригинален начин, сите ќе бидат задоволни. Посвете и внимание и на работата, можно е да се вклучите во некој проект кој ќе ви донесе голема заработка. Не им верувајте на оние кои ви кажуваат песимистички прогнози. Проценте сами кој е наредниот потег.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Напорно работите, ги завршувате сите обврски и никако да добиете поголема плата или поголемо признание. Можеби се наоѓате на работно место каде никој не ве цени. Во периодот очекувајте понуда за нова работа, односно очекувајте дека некој од страна ќе го забележи вашето напорно работење. Во љубовта ќе завладее монотонија, која можеби ќе се задржи подолго време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП